Барселона ја потврди титулата број 26

21

Барселона вечерва го победи Леванте и заокружи нова шампионска титула во Шпанија, седма во последните 10 години и 26 во историјата. Барса влезе како голем фаворит, а гостите од Валенсија се покажаа како тврд орев. Сепак, Лео Меси го скрши нивниот отпор во второто полувреме.

Меси стигна до 10. титула со каталонскиот клуб и тој е најтрофејниот фудбалер на Барса во историјата. Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во второто полувреме но не успеа на својот тим да му донесе барем бод.

 

The post Барселона ја потврди титулата број 26 appeared first on sportmedia.mk.