Металург се пофали: Повторно сме најдобриот ракометен колектив во Македонија

13

По завршување на сезоната, клубовите ги сумираат впечатоците и резултатите. Од таборот на Металург на својата официјална страница се пофалија дека и оваа сезона се најдобриот ракометен колектив во Македонија.

„Како и многу пати досега, Металург и оваа сезона е најдобриот ракометен колектив во Македонија. Од можните 12 титули, нашите клубови освоија дури шест, а забележаа и едно второ место“, пишаа на својата официјална страница и дополнија:

Во машка конкуренција:

– РК Металург го освои Купот на Македонија

– РК Металург 2 е шампион на Првата лига

– Младинците на РК Металург 2 се шампиони на Македонија

– Пионерите на РК Металург се исто така шампиони на Македонија

Во женска конкуренција:

– ЖРК Металург е сениорски шампион на Македонија

– ЖРК Металург е младински шампион на Македонија

– ЖРК Металург е кадетски вицешампион на Македонија

-Преостанатите титули им припаднаа на Вардар (Суперкуп на Македонија, шампионска титула во машка сениорска конкуренција, и шампинските титули кај пионерките и кај кадетките), на ЖРК Куманово(женскиот Куп на Македонија) и на КЛ-7 Струга (кој стана кадетски шампион на Македонија во машка конкуренција).

Првиот тим на Металург во најсилната конкуренција го загуби второто место и најверојатно следната сезона нема да биде дел од СЕХА-лигата.

The post Металург се пофали: Повторно сме најдобриот ракометен колектив во Македонија appeared first on sportmedia.mk.