Модриќ му одговори на Звонимир Бобан

21

Звонимир Бобан се обиде да го донесе Лука Модриќ во Милан, информација која ја објавија италијанските медиуми. Но, оваа приказна заврши многу брзо, „Gazzetta dello Sport“ открива дека хрватскиот фудбалер не размислувал премногу, веднаш го одбил неговиот идол од детство.

Се споменува дека Модриќ и близу до продолжување на соработката со Реал Мадрид особено по состанокот со Зинедин Зидан кој му дал до знаење дека ќе смета на него и во следната сезона.

Со враќањето на Малдини и Бобан, Милан тргна амбициозно, нивната цел е да стават крај на доминацијата на Јувентус во Серија А.

The post Модриќ му одговори на Звонимир Бобан appeared first on sportmedia.mk.