Солшер: Знаевме дека во второто полувреме ќе играат како нивната куќа да е во оган

15

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солшер го искажа своето видување на натпреварот од второто коло од Премиерлигата против Вулверхемптон.

„Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Марсијал во првиот дел (27. минута), додека за конечните 1-1 се погрижи Рубен невез во 55. минута. Инаку, Пол Погба имаше шанса повторно да ја врати предноста за својот тим, но во 68. минута промаши удар од белата точка.